Svet.SlajderБалканБалкан.ПорталБизнис

Турција единствена во Европа со зголемена продажба на автомобили

Турција ги надмина европските земји и стана единствениот пазар што успеа да ја зголеми продажбата на автомобили од јануари до мај, објави весникот „Сабах“.

Анкара, 20 јуни 2020 (МИА) – Турција ги надмина европските земји и стана единствениот пазар што успеа да ја зголеми продажбата на автомобили од јануари до мај, објави весникот „Сабах“.

Автомобилскиот сектор е меѓу индустриите што се најтешко погодени од пандемијата на коронавирус, бидејќи блокадата ги затвора автокуќите и го запира производството и продажбата.

Според Европската асоцијација за автомобилска индустрија (АЦЕА), продажбата на автомобили во Европската унија, Велика Британија и Европската асоцијација за слободна трговија (ЕФТА) падна за 42,8 отсто од јануари до мај годинава и изнесува скоро 3,97 милиони единици по три месеци невиден пад во регионот, со двоцифрен пад на повеќето пазари. Во истиот период минатата година беа продадени околу 6,94 милиони единици.

Што се однесува до Турција, продажбата скокна за 20 отсто во однос на минатата година во јануари-мај, според Здружението на дистрибутери на автомобили (ОДД).

Хрватска го презеде водството, известувајќи за најголем пад во споменатиот периодот од 55,8 отсто, по што следат пад од 54,2 проценти во Шпанија и пад од 51,4 отсто во Велика Британија, покажуваат податоците. ссм/

Back to top button
Close
Close