БалканБалкан.Портал

Турција бара објавување зона забранета за летови во Сирија

Турските власти побараа денеска од светските сили да објават во Сирија зона забранета за летови во обид да се заштитат стотици илјади луѓе кои бегаат од конфликтот.

Aнкара, 28 февруари 2020 (МИА) – Турските власти побараа денеска од светските сили да објават во Сирија зона забранета за летови во обид да се заштитат стотици илјади луѓе кои бегаат од конфликтот.

Турското барање е во момент откако 33 турски војници загинаа во воздушни удари во реонот на Идлиб.

„Меѓународната заедница мора да дејствува за да ги заштити цивилите и да воведе зона на забрането летање“, наведе на Твитер, Фахретин Алтун, директор за комуникации во Кабинетот на турскиот претседател. зш/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close