0_Спорт.ПорталSport.SlajderОстанато

Тур де Франс ќе се одржи од 29 август до 20 септември

Годинашното издание на велосипедиската трка „Тур де Франс“ ќе се одржи од 29 август до 20 септември, јави дописникот на МИА од Париз.

Париз, 15 април 2020 (МИА) – Годинашното издание на велосипедиската трка „Тур де Франс“ ќе се одржи од 29 август до 20 септември, јави дописникот на МИА од Париз.

Поаѓањето ќе биде на 29 август од Ница и пристигнување на 20 септември во Париз. Новите датуми на „Тур де Франс“ се официјализирани од Меѓународната унија за велосипедизам. Првичниот календар што планираше почеток на траката на крајот на јуни беше одложен од пандемијата на коронавирусот.

„Тур де Франс“ никогаш не се одржала толку доцна во летото од нејзиното создавање во 1903 година.

Меѓународната унија за велосипедизам додава дека светското првенство ќе се одржи на закажаниот датум, во неделата од 20 до 27 септември и дека трката на Италија (Џиро), која во нормални услови се одржува во мај, и турнејата на Шпанија предвидена за август-септември, ќе се организираат по Тур де Франс, која е најголемата велосипедска трка во светот. тг/зс/

Таг
Back to top button
Close
Close