0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Тухел: Тажен сум што загубивме тројца главни играчи за ЛШ

Едисон Кавани, Томас Муние и Танги Кваси заминаа откако истекоа нивните договори кон крајот на јуни. Тие не беа подготвени да преговараат со ПСЖ да ги продолжат своите договори до крајот на кампањата.

Париз, 14 јули 2020 (МИА) – Тренерот на Пари Сен Жермен, Томас Тухел изрази разочарување од тоа што некои клучни играчи го напуштија клубот пред крајот на сезоната.

Едисон Кавани, Томас Муние и Танги Кваси заминаа откако истекоа нивните договори кон крајот на јуни. Тие не беа подготвени да преговараат со ПСЖ да ги продолжат своите договори до крајот на кампањата.

Францускиот шампион ќе се соочи со две финалиња во двата национални купа и четвртфиналето во Лигата на шампионите против Аталанта.

– Тажен сум што загубивме тројца главни играчи за Лигата на шампионите. Ова ги отежнува работите. За ПСЖ, императив е да се има голема и квалитетна група, рече Тухел.

Таг
Back to top button
Close
Close