0_Спорт.ПорталФудбал

Тухел се здобил со скршеница на стапалото на тренинг

Тренерот на Пари Сен-Жермен, Томас Тухел, се повреди на еден од тренинзите на тимот.

Париз, 7 август 2020 (МИА) – Тренерот на Пари Сен-Жермен, Томас Тухел, се повреди на еден од тренинзите на тимот.

Германецот денес се здобил со скршеница на левиот глужд, поточно на метатарзална коска на петицата, објави прес-службата на ПСЖ.

Тимот продолжува да се бори во Лигата на шампионите.

На 12 август ПСЖ ќе игра против Аталанта во четвртфиналето на елитното натпреварување. Средбата ќе се одржи на неутрален терен во Лисабон, Португалија. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close