0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Тухел: Ќе биде многу тешко да се совлада Манчестер сити во финалето на ЛШ

Тренерот на Челзи, Томас Тухел ги сподели своите ставови за претстојното финале во Лигата на шампионите против Манчестер сити.

Лондон, 26 мај 2021 (МИА) – Тренерот на Челзи, Томас Тухел ги сподели своите ставови за претстојното финале во Лигата на шампионите против Манчестер сити.

– Ние ги победивме двапати. Дали ова ни дава предност? Не, никако. Ова е комплетно нов натпревар. Знаеме дека финалето ќе започне од нула, мора повторно да играме на врвно ниво. Против екипите на Гвардиола секогаш е крајно тешко. Играв против неговиот Баерн, сега се сретнав со неговиот Манчестер сити. Со години гледав како напредува неговата Барселона, како таа го учи неговиот фудбал, како да напаѓа и да се брани. Направи машини за победи, а тоа го стори сега и во Англија. Со сигурност може да се каже дека Манчестер сити и Баерн беа мерила за европските клубови оваа сезона и во минатото. Ние се обидуваме да ја отстраниме разликата, а најголемата работа во врска со фудбалот е што може да се направи дури и за 90 минути. Ова е реално и ние ќе се обидеме да го постигнеме ова во финалето, изјави Тухел.

Финалето во Лигата на шампионите, Манчестер сити – Челзи ќе се одржи на 29 мај во Порто. Почетокот е во 21 часот. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close