0_Спорт.ПорталФудбал

Тухел: Бев сигурен дека Челзи правилно ќе реагира по поразот од Вест Бром

Тренерот на Челзи, Томас Тухел се осврна на триумфот над Порто со 2:0 во првото четвртфинале во Лигата на шампионите.

Лондон, 8 април 2021 (МИА) – Тренерот на Челзи, Томас Тухел се осврна на триумфот над Порто со 2:0 во првото четвртфинале во Лигата на шампионите.

– Натпреварот против Порто беше тежок. Имаше доволно моменти кога имавме тешки периоди. Но, ние го прифативме. Тимот беше расположен и постигнавме одличен резултат. Бев сигурен дека тимот ќе реагира правилно на поразот од Вест Бром (2:5). Немав некои посебни грижи за ова. Бевме подготвени да дадеме одговор на теренот. Во фудбалот не може без пораз. Најважниот тест е да се вратиме на победите после нив.

Заедно постигнавме многу извонредни резултати, а потоа изгубивме заедно, по што – повторно заедно – реагиравме правилно на она што се случи. Така, се приближивме и почнавме повеќе да веруваме едни во други, рече Тухел.

Реваншот од пресметката Челзи – Порто е закажан за 13 април. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close