0_Спорт.ПорталФудбал

Тухел ја презема одговорноста за поразот од Борусија

Тренерот на Пари Сен-Жермен, Томас Тухел, побара медиумите за поразот (1:2)од Борусија да не ги критикуваат неговите избраници.

Дортмунд, 19 февруари 2020 (МИА) – Тренерот на Пари Сен-Жермен, Томас Тухел, побара медиумите за поразот (1:2)од Борусија да не ги критикуваат неговите избраници.

– Нема за што да жалиме. Морам да донесувам одлуки пред натпреварот и ја преземам оваа одговорност. Никој не може да каже како би се одвивал мечот со друга формација. Оваа шема ни ја обезбеди потребната структура на играта да го нападнеме и контролираме натпреварот, да дејствуваме високо. Знам кога резултатот не е совршен, лесно е да се каже дека ова е грешка. За мене, ова не е прашање на формацијата, туку за квалитетот на играта, изјави Тухел.

Ни недостасуваше трпеливост и навремена акција во нападот. Не бевме во можност да реагираме како што планиравме, и немавме доволно топка. Кога дојде време за голови, чувствував дека играта стана поотворена. Бевме близу до постигнување на вториот гол. Ми се чинеше дека игравме со малку страв, страв од грешки. Моравме да најдеме решение за овој проблем , додаде германскиот стручњак.

Реваншот е закажан за 11 март во Париз. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close