0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталПолитика

Трудо: Со нетрпение го чекам целосното пристапување на Северна Македонија во Алијансата

Добре дојдовте на масата на НАТО, Зоран Заев. Со нетрпение го чекам целосното пристапување на Северна Македонија во Алијансата, напиша канадскиот премиер Џастин Трудо на својот твитер-профил.

Скопје, 4 декември 2019 (МИА) – Добре дојдовте на масата на НАТО, Зоран Заев. Со нетрпение го чекам целосното пристапување на Северна Македонија во Алијансата, напиша канадскиот премиер Џастин Трудо на својот твитер-профил.

– Благодарам за продуктивната дискусија денеска за важноста на НАТО и можностите за зајакнување на инвестициите меѓу двете земји, додава Трудо на Твитер.

Претседателот на Владата, Зоран Заев, на маргините на состанокот на лидерите на земјите членки на НАТО во Лондон оствари средби со премиерите на Канада и на Шпанија, Џастин Трудо и Педро Санчез, и со германската канцеларка Ангела Меркел. нд/вг/

 

 

 

Таг
Back to top button
Close
Close