СветСвет.Портал

Тројно зголемен бројот на заразени со коронавирусот на јапонскиот крузер

Уште 41 патник на јапонскиот крузер е заразен со коронавирус, со што е вкупниот број заразени денеска е зголемен на 61 лице, а во меѓувреме продолжува тестирањето на останатите патници.

Toкио, 7 февруари 2020 (МИА) – Уште 41 патник на јапонскиот крузер е заразен со коронавирус, со што е вкупниот број заразени денеска е зголемен на 61 лице, а во меѓувреме продолжува тестирањето на останатите патници.

Крузерот „Дајмонд Принцес“ со 3.700 патници е ставен во карантин откако вплови во пристаништето Јокохама во понеделникот, откако беше откриен коронавирус кај човек кој во јануари во Хонг Конг го напуштил тој брод.

Тестирани се 273 лица, од кои 61 се позитивни на коронавирусот. Тестираните патници покажале симптоми или биле во близок контакт со луѓе кои ги развиле симптомите, соопшти јапонското Министерство за здравство.

Министерот за здравство Катсунобу Като на прес-конференција изјави дека меѓу 41 нови случаи на заразени, 21 биле од Јапонија.

Дополнителни тестови ќе бидат спроведени доколку другите патници почнат да покажуваат симптоми на болеста. Пациентите ќе бидат пренесени во болници во Токио и во соседните градови. јт/зш/

Таг
Back to top button
Close
Close