БалканБалкан.Портал

Тројца загинати при подметнат пожар во романски затвор

Тројца затвореници загинаа, а двајца се повредени во подметнат пожар, што изби за време на бунтот во затворот Сату Маре, северна Романија

Букурешт, 19 март 2020 (МИА) – Тројца затвореници загинаа, а двајца се повредени во подметнат пожар, што изби за време на бунтот во затворот Сату Маре, северна Романија.

Според портпаролката на затворот, десет затвореници кои делеле иста келија запалиле оган, што е изгаснат пред да се прошири. Останатите петмина осуденици не се повредени.
Се претпоставува дека повод за затворскиот бунт е откажувањата на посетите во рамките на мерките за сузбивање на пандемијата со Ковид-19.
Во Романија досега регистрирани се 260 пациенти со новиот коронавирус, од кои 19 се излекувани. Во земјата затворени се училиштата и универзитетите, рестораните и кафулињата и укинати се летовите за Италија и за Шпанија. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close