0_Спорт.ПорталОстанато

Трката за ГН на Аргентина во мотоциклизам поместена за ноември

Трката за ГН на Аргентина во мотоциклизам е поместена за ноември.  Аргентинското Гранпри требаше да се вози од 17 до 19 април, како увертира за новата сезона, но по најновите случувања со коронавирусот е презакажано за 20-22 ноември.

Буенос Аирес, 11 март 2020 (МИА) – Трката за ГН на Аргентина во мотоциклизам е поместена за ноември.  Аргентинското Гранпри требаше да се вози од 17 до 19 април, како увертира за новата сезона, но по најновите случувања со коронавирусот е презакажано за 20-22 ноември.

Со поместување на ГН на Аргентина е поместена и ГН на Валенсија за 27-29 ноември, а ГН на САД ќе се одржи од 13. до 15. истиот месец.

За потсетување, претходно беа откажани трките за ГН на Катар и ГН на Тајланд, па новата сезона ќе тргне со ГН на Шпанија од 1-3 мај. сѓд/сд/

Back to top button
Close
Close