0_Македонија.ПорталОпштество

Тркалезна маса за финансирањето на МРТ

Независно, доволно и одржливо финансирање на Македонската радио-телевизија (МРТ) како национален јавен медиумски сервис е неопходно за исполнување на неговите обврски - е заклучокот од  денешната тркалезна маса организирана од Програмата финансирана од  ЕУ  „Техничка помош на јавните медиумски сервиси на Западен Балкан“.

Скопје, 11 февруари 2020 (МИА) – Независно, доволно и одржливо финансирање на Македонската радио-телевизија (МРТ) како национален јавен медиумски сервис е неопходно за исполнување на неговите обврски – е заклучокот од  денешната тркалезна маса организирана од Програмата финансирана од  ЕУ  „Техничка помош на јавните медиумски сервиси на Западен Балкан“.

Како што информира МРТ, шефот на одделот за соработка на Делегацијата на ЕУ во земјава Никола Бертолини, рече дека политичката независност и финансиските ресурси секогаш биле потреба за јавните радиодифузери и дека ЕУ е многу заинтересирана да работи во таа област преку програми за поддршка.

– Веруваме дека одговорноста пред граѓаните е прва цел на јавниот радиодифузер и унапредувајќи ги информациите во услуги на содржини што јавниот радиодифузер им ги обезбедува на граѓаните е од најголема важност, рече Бертолини.

Заменикот министер за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски потсети дека постојната легислатива беше дополнета во 2018 година, која предвидува прогресивен дел од државниот приход да биде наменет за финансирање на јавниот радиодифузен сервис, но дека сè уште постои оправдана потреба за реформирање на јавниот радиодифузен сервис во смисла на капацитети, продукција и функционирање.

– Според Марјан Цветковски, директор на МРТ, овој радиодифузер сè уште се соочува со финансиски тешкоти поради неисполнувањето на законските прописи за финансирањето, и арбитрарната позиција на владата којашто не го исплаќа во целост предвидениот износ на јавниот радиодифузен сервис, неможноста да се делува со законскиот систем кога станува збор за ненаплатена радиодифузна такса и генерално, преоптеретувањето со регулативи на јавниот радиодифузен сервис, соопшти МРТ.

Во соопштението се наведува дека податоците што ги презентирал Зоран Трајчевски, директор на АВМУ, покажуваат постојано опаѓање на приходите на МРТ за последните седум години, од 24,83 милиони евра во 2013 до 15.01 милиони евра во 2019 година.

Дебатата ќе продолжи утре, со фокус на управувањето и регулирањето на јавниот радиодифузен сервис. хс/дма/

Back to top button
Close
Close