0_Web_Актуелно0_Web_Избор на уредникот0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитика

Тркалезна маса: Ревидирањето на методологијата се одвива во позитивна насока и дава оптимизам за отворање преговори

По разочарувањето од октомврискиот самит на кој Северна Македонија и Албанија не добија датум за почеток на преговори со ЕУ, работите околу ревидирањето на методологијата на пристапни преговори се одвиваат во позитивна насока и создаваат оптимизам дека двете земји ќе ги отпочнат преговорат фер, слободни и демократски избори.

Скопје, 28 јануари 2020 (МИА) – По разочарувањето од октомврискиот самит на кој Северна Македонија и Албанија не добија датум за почеток на преговори со ЕУ, работите околу ревидирањето на методологијата на пристапни преговори се одвиваат во позитивна насока и создаваат оптимизам дека двете земји ќе ги отпочнат преговорат фер, слободни и демократски избори.

Ова беше истакнато на денешната тркалезна маса насловена „Патот кон НАТО и ЕУ –  предизвици и перспективи“ организирана од Советот на амбасадорите во соработка со кабинето на претседателот на државата Стево Пендаровски, на која говорници беа амбасадори на земји членки на ЕУ, амбасадорката на САД Кејт Мери Брнз, наши поранешни амбасадори и претставници на СЕП.

Претседателот Пендаровски, во своето обраќање изрази благодарност до земјите-членки на ЕУ што проширувањето остана на агендата на Унијата и изрази очекување дека Северна Македонија ќе ги почне пристапните преговори за време на хрватското претседателство и дека новата методологија за водење на пристапните преговори ќе биде усвоена на состанокот на Европскиот совет во март 2020 година. Според него, ефектите од одлуката за почеток на преговорите ќе имаат позитивно влијание врз политичките процеси, реформската агенда, резултатите кои треба да се испорачаат, како и генерално, врз оптимизмот во општеството. Оттука, порача претседателот, важно за нашата држава е кога таа одлука ќе биде донесена.

Во однос на членството во НАТО, шефот на државата изрази очекување дека процедурата во Шпанија за ратификација на протоколот за членство во НАТО ќе заврши до почетокот на изборите во нашата држава.

Италијанскиот амбасадор Карло Ромео ја реафирмираше италијанската поддршка за процесот на проширување, нагласи дека ЕУ треба да биде подготвена за процесот на проширување, но и дека процесот на ребрендирање или реформа на ЕУ терба да се одвива паралелно со процесот на преговори.

-Конструктивно сме ангажирани во дебатата за политиката на проширување да го направиме постоечкиот процес поефикасен. Италија даде сет од предлози за да придонесе за дебата за проширување. Со нашиот нон пејпер сакаме да дадеме идеи како да го зајакнеме процесот… Италија смета дека реформата на ЕУ не треба да се трансформира во нов услов за отпочнување на преговори со С Македонија и Албанија. Реформата на методологијата ќе биде петставена на почетокот од февруари, рече амбасадорот Ромео.

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние истакна дека членството во НАТО, рече е веќе завршена работа, бидејќи знамето на земјава е веќе поставено пред седиштето на Алијансата, што ќе биде знак за стабилизирање на регионот. Во однос на ЕУ, нагласи, сите ги очекуваат плодовите од ЕК, а сите показатели одат во насока дека подготовките се добро почнати што ги прави оптимисти. Ја повтори француската позиција дека ревизизија на методологијата нема за цел да ја спречи земјата да влезе во ЕУ, и оти судбината на оваа земја е европска. Предлозите дадени од Париз за новата методологија, рече се директно поврзани со наслението во и ЕУ кое, во голем дел се изјаснило заморено од процесот, особено во Франција, но и кај луѓето од нашиот регион кои, вели, забележале дека целта е се подалечна.

-Нашиот впечаток е дека сериозна работа е веќе направена врз база на нашите предлози, но и на другите предлози. Од наша страна постои другото прашање, а тоа е за реформата на функционирањето на ЕУ затоа што ќе нема смисла да ве прифатиме во друштво во кое ќе нема ред. Од таа гледна точка ќе кажам дека процесите можат да се водат паралелено затоа што патот кој е пред вас не е краток, но сепак тоа е и пат на наши внатрешни реформи во Унијата, кој исто така не е краток, но ќе се обединат најверојатно и мислам дека ќе треба да работиме во оваа насока. Мислам дека во овој момент ние го правиме она кое пребрзо беше оквалификувано како историска грешка, туку ќе кажам историска можност можеби за да тргнеме од добра основа во таа европска изградбна која отсекогаш добро функционирала дури и во сукцесивни кризи, Искрено се надевам дека во наредните месеци ќе ги видиме и конкретните плодови од тоа, да не лиферуваме со конкретни датуми, но моите надежи се дека датумот е се поблиску, рече Тимоние.

Амбасадорот на Германија Томас Герберих истакна дека за Берлин отворањето на пристапните преговори со С. Македонија е прашање на безбедноста и стабилноста на Европа и земјите од регионот треба да станат дел од ЕУ. За таа цел, рече, треба да се реафирмираат ветувањето за европерспективите на овие држави.

-Ова е најдобар пат да промовирање реформи и развој на правната држава. Германија се залага пропцесот да биде потранспарентен, но сме убедени дека на СМакедонија треба да и понудиме јасна европска перспектива. Германија ќе продолжи да ја поддржува СМ на патотот кон ЕУ, како што секогаш сме парвеле. Сметаме на тоа земјата да ги интензивира реформите, а тоа ќе ги убеди сите кои имаат сомнежи во оваа насока, рече Герберих и ја повтори изјавата на канцеларката Меркел дадена по средбата вчера со албанскиот премиер Рама во Берлин дека се за одлука за отпочнување на преговорите со двете земји на состанокот на Европскиот совет во март.

Американската амбасадорка Кејт Мери Брнс истакна дека САД се стратешки партнер и поддржувач на НАТО интеграцијата на С. Македонија и сакаат таа визија да се оствари. Очекуваат процесот на ратификација на протоколот за члнество да оди напоред и оти прашање на време е кога земјата ќе стане членка на Алијансата. Во однос на членството во ЕУ таа укажа на реформите на кои земјата мора да се фокусира, а тоа се усвојување на Законот за ЈО во делот на владеење на правото, потоа фер и кредибилни избори и одржување на добрососеските односи.

-Ова се столбови на кои сите треба да се сосредоточат. Во овој криичен момент С.Македонија треба да работи посилно на борбата против корупцијата и правната држава или владеењето на правото. Обвинителството треба да биде ефикасно, граѓаните чекаат и заслужуваат тие што ги злоупотребиле државните пари да одговараат пред лицето на правдата. Земјата и младината заслужуваат да имаат иднина без несигурноста од минатото, да имаат шански и можности за економски развој, рече Брнс.

На отворањето на дебатата кое беше затворено за јавноста, покрај Пендаровски се обратија и евроамбасадорот Жбогар и шефот на НАТО канцеларијата за врски амбасадорот Зоран Јанковиќ. вг/са/

Тркалезна маса патот кон ЕУ и НАТО перспективи и предизвици

Posted by MИА.mk on Вторник, 28 јануари 2020

 

Back to top button
Close
Close