Kultura.SlajderКултураКултура.Портал

Тркалезна маса „Литература и криза: почетна точка за нови противотрови“

Луѓето кои се занимаваат со книжевност треба да се прилагодат во рамките на виртуелниот/онлајн свет, а подоцна да влијаат и да изменат што се случува таму. Писателите не живеат во позиција на моќ, а книжевноста на крајот на денот нема да ја промени реалноста. Но сепак може да ја олесни, да се побуни или да даде отпор кон неа.

Скопје, 15 септември 2020 (МИА) – Луѓето кои се занимаваат со книжевност треба да се прилагодат во рамките на виртуелниот/онлајн свет, а подоцна да влијаат и да изменат што се случува таму. Писателите не живеат во позиција на моќ, а книжевноста на крајот на денот нема да ја промени реалноста. Но сепак може да ја олесни, да се побуни или да даде отпор кон неа.

Ова беа клучните поенти кои писателите и членовите на „Скопје fellowship“ програмата ги истакнаа на денешната тркалезна маса „Литература и криза: почетна точка за нови противотрови“ која се одржа во рамките на вториот ден од фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“.

Елизабета Баковска, писателка и книжевна теоретичарка на тркалезна маса посочи дека едно од суштинските прашања во овој момент не е во какво време живееме туку каде живееме. Севкупната криза, според неа, не измести од просторот во кој живееме во реалниот материјален свет, во просторот на виртуелниот свет.

-Нешто што мене лично најмногу ме погоди досега, а и многу луѓе кои ги знам е дека ние всушност се најдовме катапултирани од целокупната криза која што не затвори од надворешниот реален свет и не каталпутира во виртуелниот свет. Сите почнавме да пишуваме онлајн да читаме онлајн, да се гледаме онлајн и за мене лично тој виртуелен свет е многу интересен бидејќи е еден свет што клокоти постојано. Јас го доживеав како едно тенџере што е на шпорет и клокоти, врие и во секој момент нешто страшно и нешто ужасно ќе се прелее од него, а некои демократски или недемократски центри за моќ, рече Баковска.

Како што додаде, во виртуелниот свет нема време, тој бара инстант одлуки, инстант читање, инстант пишување, додека пак литературата бара време за пишување и читање на делата.

Според Баковска, писателите и луѓето кои се занимаваат со книжевност првично треба да се прилагодат на рамките на виртуелниот свет, а подоцна да влијаат во него и да изменат тоа што се случува таму. -Нашата позиција не е позиција на моќ но можеби е позиција што во себе носи поискрен хуманизам отколку слепот диктирање од некои демократски центри на моќ, рече таа.

Калина Малеска од „Скопје fellowship“ во свое обраќање посочи дека книжевноста може некогаш да влијае врз стварноста и да промовира некои вредности.

-Имам некој двоен однос но повеќе сум во насока на тоа дека ме интерсира стварноста, и сакам да верувам иако се согласувам со поентата дека оптимизмот е прашање на волја сепак разумот ни кажува дека треба да бидеме малку и песимисти. Во таа смисла сакам да верувам дека книжевноста може некогаш на некаков начин да влијае и врз стварноста иако ќе се ограничам на тоа дека може да промовира некои вредности кои што ќе засегнат малкумина, не многу луѓе и нема да извршат некое директно влијание непосредно, но со текот на времето кога таквите вредности се шират имаат влијание врз перцепија на луѓето како ги перципираат некои работи, рече Малеска.

Во однос на корона кризата, Малеска рече оти за неа ова е малку поразлична криза од другите, токму заради тоа што постојано има некакви кризи во светот.

Појасни дека кај нас многу се чести политичките кризи, и токму поради тоа многу сме навикнати на нив. Во книжевноста тие кризи се претставуваат, можеби не секогаш директно, можеби некогаш посуптилно но сепак сите писатели реферираат на таа реалност.

-За мене оваа криза беше различна затоа што ни прави поттик да пишуваме токму за овие кризи и да ги разобличеме, да се обидеме да најдеме смисла, и тоа не ме спречило да пишувам. Сите кризи потикнуваат на пишување, рече Малеска.

Маја Солар, авторка која се занимава со феминистички и филозофски теми на денешната тркалезна маса појасни дека самата книжевност нема да ја промени оваа реалност, може да ја олесни, но самата побуна или отпор кон системот мора да е политички.

-Како од поетичко-политичка позиција морам да кажам дека самата книжевност нема да ја промени оваа реалност, може да ја олесни, но самата побуна или отпор кон системот мора да е политички, не велам книжевност да се претвори во политика, но книжевност колку и да е мала, треба да ја искористи ситуацијата да створи простор за нешто ново, додаде таа. ки/бт/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close