Оригинални текстовиПолитикаПолитички партии

Трипуновски во посета на земјоделците во светиниколското село Ерџелија

Прашање: Господине Трипуновски за што разговаравте денеска со земјоделците во Ерџелија на што се пожалија и кои се решенијата излезни?

Скопје, 25 јануари 2020

Прашање: Господине Трипуновски за што разговаравте денеска со земјоделците во Ерџелија на што се пожалија и кои се решенијата излезни?

Одговор: Така, денеска сум во Свети Николскиот регион поточно во населено место Ерџелија најголем број на дискусии она штосамите земјоделци го потенцираат апропо мојата вчерашна изјава за онаа нерегуларност која то сака да ја направ Трајан Димковски и СДСМ во овој предизборен период е тоа да ги поткупи земјоделците со нивните пари. Јас вчера на прес конференција обелоденив дека министерството во овој предизборен период со парите на граѓаните сака да ги изманипулира и да гопотценинивниот труд и индивидуа, односно оние 60 милион евра кои што сака да ги пуштиво овој предизборен период практично сака да гиомаловажи овие земјоделци. Денеска во разговорите повторно наоѓам на ситуација дека и овдека во Ерџелија има не исплатени субвенции она што Трајан Димковски го говореше на една од дебатите дека се е исплатено гледаме дека и воЕрџелија таа слика не е вистина. Односно и тука има не исплатени субвенции кои што земјоделците си ги чекаат. Во разговорот исто така потенцираа и за проблемите со наводнувањето во 2019 година иако им било ветувано дека ќе бидат ослободени од надомест со вода ми кажуваат дека минатиот месец декември 2019 година веќе им се пуштени фактури дури иако во овој дел на Свети Николе речеси да немаше ниту една капка наводнување, односно површините и приносите беа десеткувани заради тоа што останаа без вода. денеска ќе останам речиси цел ден вооколината на Свети Николе ќе посетам уште неколку населени места се со цел да ја доловам правата слика која што за жал СДСМ и Трајан Димковски ја гледаат од една поинаква призма.

Прашање: Излезно решение?

Видете до 12 април е многу битно да имаме една фер и демократска процедура односно да нема вакви манипулации врз земјоделците колку што се обидуваат СДСМ воовој периодона што значи правилно вреднување на трудот на македонскиот земјоделец ќе дојде после 12 Април кога ВМРО-ДПМНЕ со сигурност ќе ја формира новата влада.

Саздевски Крсто на што се пожаливте на техничкиот замени министер за земјоделство?

Одговор: За субвенциите за 2018 година ги немам добиено воопшто ме водат, ме тераат како должник да сум а јас го имам подмирено во март месец долгот а сеуште ги немам добиено субвенциите за 2018 година а за 2019 да не зборуваме.

прашање: Со што се занимавате што одгледувате?

-Се занимавам со производство на пченица пченка јачмен .

Која е сумата штови ја должат?

некаде околу 20 000 илјади ми се субвенциите.

Реагиравте? – Да Каде? – во министерството за земјоделие во Свети Николе.

Што велат од таму? Должен сум викаат. Колку должиш? – ништо немам долг. се јави тојкај некоа Лилјана во Скопје и рече дека немам долг, таа рече дека немам долг а овие ми рекоа дека имам долг. И плус за зелена нафта немам добиено затоа што ме водат уште како должник. Што понатаму? – Понатаму не знам што да правам. за воадата наводнување имам некаде околу 15 декари а тие ми пишуваат дека имам некаде околу 20 декари . Жалба поднесов исто и тоа уште не ми е доставено дали е во позитивна или негативна, не се испаднати на терен да колку е квадратурта земјата стои тука на лице место не е поместена некаде па да…

Кој е минусот од оваа цела работа за вас лично која е загубата?

-Во загуба сум јас не можам ѓубре да си купам од тие субвенции, за што ги даваттие субвенции тогаш, нафтата исто плус тоа не иде нафта на едне декар 1 литро нафта, 10 литра нафта на хектар каде го има тоа. нека дојде нака изора со 10 литра јас ќе му го дадат тракторот нека изора со 10 литра нафта да видиме дали може да изора со 10 литра нафта.

Интегрален текст од изјава за медиуми на Цветан Трипуновски – дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close