Политички партии

Трипуновски: Со ребалансот на буџетот СДСМ ги скрати средствата за помош на земјоделците, а ги зголеми за времените вработувања на партиските членови

Ние го критикуваме овој начин на водење на економија од страна на актуелната влада на СДСМ, бидејќи ова последно задолжување кое што практично секој еден граѓанин во државата ќе го задолжи со 90.000 денари кои што треба наредните генерации да ги враќаат нема да завршат во стопанството на кои што им е најпотребно, туку ќе завршат за манипулација и поткуп на гласачите на предвремените парламентарни избори. Така што ова е една погрешна политика која што ја води СДСМ само ја турка Македонија во една поголема економска криза, вели Цветан Трипуновски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

Скопје, 29 мај 2020 

Ние го критикуваме овој начин на водење на економија од страна на актуелната влада на СДСМ, бидејќи ова последно задолжување кое што практично секој еден граѓанин во државата ќе го задолжи со 90.000 денари кои што треба наредните генерации да ги враќаат нема да завршат во стопанството на кои што им е најпотребно, туку ќе завршат за манипулација и поткуп на гласачите на предвремените парламентарни избори. Така што ова е една погрешна политика која што ја води СДСМ само ја турка Македонија во една поголема економска криза, вели Цветан Трипуновски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

На реакција од страна на земјоделците дека владата на СДСМ не се грижи за нив, не ги исплаќа субвенциите на време, Трипуновски истакна дека повеќе од јасно е дека државната каса е празна и токму поради тоа не се исплаќаат субвенциите на земјоделците коишто во овие тешки времиња им се најпотребни, потенцирајќи дека за СДСМ и Димковски приоритет е луксузирањето, а не проблемите на земјоделците.

Повеќе од јасно е дека државната каса е празна. Затоа и не се исплаќаат. Приоритети на владата се некои други работи, луксузирање, а не она што треба да биде исплата за земјоделците. Оваа власт која што им ветуваше дека ќе има сигурен пласман во 2016 година и зголеми откупни цени гледам денеска дека не е реалност. Затоа земјоделците молат да ги добијат субвенциите на своите сметки за да можат да преживеат, буквално се како на апарати. Ако сега не ги добијат, во овие тешки времиња не можат да опстанат. Секојдневно гледаме како сточарите ги намалуваат своите стада, нивите остануваат не посеани и само како податок Македонија оваа година ќе има сериозен проблем со пченица, имаме драстично намалување на посеаните ниви со пченица, а тоа значи дека ќе имаме зголемен увоз, прашање дали ќе биде на пченица, брашно, а можеби ќе влијае и на домашната цената на лебот. Но, се надевам дека за брзо ќе сменат работите во државата, па ќе можеме да ги запреме сите овие надолни трендови, додава Трипуновски.

Во однос на ребалансот на буџетот Трипуновски вели дека власта прави кратење на средствата за финансиска поддршка на земјоделците и безбедноста на храната, додека пак во делот на времените вработувања ги зголемува средствата, истакнувајќи дека поентата на СДСМ не се земјоделците, туку згрижувањето на партиските членови на СДСМ.

Со оној ребаланс кој што се случи од страна на владата и во министерството имаше огромно кратење на средствата, но не беше поштедена ниту програмата за финансиска поддршка, некаде околу 67 милиони денари беа скратени од програмата, значите имате неисплатени субвенции и дополнително кратите таму каде што е најпотребно. Имаше кратење и во Агенцијата за храна и ветеринарство од програмата за здравствена заштита на сериозна сума на средства, меѓутоа каде е тука парадоксот. Кратете од таму каде што навистина е најпотребно и нужно за да имате пари тековно да се одржуваат активностите, а во делот на времените вработувања додавате средства. Тоа е тој парадокс кој што се случува во моментот. Но, СДСМ се води од поентата да ги згрижи своите партиски членови да им подели плата, а земјоделците и безбедноста на храна не е важна, кажа Трипуновски.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close