0_Македонија.ПорталВидео изјаваПолитика

Трипуновски: Прв пат од 1935 година, минатата година не се изврши порибување на Охридското Езеро

За прв пат после основањето на хидробиолошките завод од 1935 година, минатата година не се изврши порибување на Охридското Езеро. Тоа е една катастрофална ситуација каде што практично го доведуваме до знак прашање рибниот фонд кој што постои овде, изјави денеска дополнителниот заменик министер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

Охрид, 5 јануари 2020 (МИА) – За прв пат после основањето на хидробиолошките завод од 1935 година, минатата година не се изврши порибување на Охридското Езеро. Тоа е една катастрофална ситуација каде што практично го доведуваме до знак прашање рибниот фонд кој што постои овде, изјави денеска дополнителниот заменик министер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

Трипуновски, кој денеска беше во посета на Охрид, нагласи дека во разговорите и информациите кои што ги добил е сомнителниот начин на порибување на Охридското езеро со јагула, каде што набавката била извршена од Компанија ЕЛЕМ.

– Согласно моите овластувања како дополнителен технички министер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство овие две активности ќе ги проверам и во наредниот период ќе ја информирам јавноста за сите злоупотреби и несериозен однос кој што го прави владата во делот на Охридското езеро, едно од природните богатства кои што ги има Република Македонија, изјави Трипуновски.

Трипуновски најади дека заминува во Ресен каде ќе има средба со јаболко производителите и овоштарите. аа/вг/

 

 

 

Back to top button
Close
Close