Дописници МКДОпштински вести

Трипуновски на средба со земјоделците и сточарите од карбинскиот регион

Техничкиот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски попладнево е во посета на населените места во Општина Карбинци. На средбата со земјоделци и сточари од селото Карбинци, Трипуновски истакна дека овде е да се информира за нивните проблеми.

Штип, 16 јануари 2020 (МИА) – Техничкиот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски попладнево е во посета на населените места во Општина Карбинци.

На средбата со земјоделци и сточари од селото Карбинци, Трипуновски истакна дека овде е да се информира за нивните проблеми.

– Од разговорот, којшто досега го имавме, на одговор на мои три прашања, а првото прашање беше дали изминатите три години имало распределба на земјоделско земјиште на оваа територија, од мештаните бев информиран дека речиси нема, а она што нив најмногу ги мачи е очекуваат да имаат земјиште, за да произведуваат. На второто прашање, дали во изминатите три години се инвестирало во системите за наводнување во овој регион и земјоделските површини да бидат покриени со наводнување, исто така добив негативен одговор од страна на граѓаните, рече Трипуновски.

Тој истакна дека на третото прашање дали има целосна исплата на земјоделските субвенции, одговорот што го добил од земјоделците и сточарите, како што вели, е едно разочарување.

– Ниту субвенциите за млеко и во одредени култури не стигаат во целост до земјоделците, дури потенцираат дека има одредена млекарница, којашто од минатата година, за којашто исто така укажуваме од терен, ги нема исплатено обврските кон сточарите и ден-денес имаат побарувања од таа млекарница. Така што ова е фактичката ситуација со којашто се соочуваме на терен, вели Трипуновски.

Тој забележа дека има колабирано земјоделство, а како што рече, за кое министерот и раководството на подрачното министерство не ги работат елементарните работи.

– Она што јас тука ќе им ветам, како тука така и во останатите населени места, е дека ќе бидам гарант и ќе ги заштитувам нивните права и интереси, вели Трипуновски.

Тој забележа дека од страна на земјоделците му е предочено дека земјоделското земјиште, кое е државно, се давало на одредени, како што рече, олигарси да го работат, а оние што бараат парче земја не можат да дојдат до него. вдј/см/

Back to top button
Close
Close