0_Спорт.ПорталSport.SlajderКошаркаРезултати

Трипл-дабл на Леброн за нов триумф на Лејкерс

Лос Анџелес лејкерс рано утрово забележа домашна победа над Детроит пистонс со 106:99, вообичаено најмногу по заслуга на Леброн Џејмс кој мечот го заврши со 21 поен, 14 скока и 11 асистенции.

Лос Анџелес, 6 јануари 2020 (МИА) – Лос Анџелес лејкерс рано утрово забележа домашна победа над Детроит пистонс со 106:99, вообичаено најмногу по заслуга на Леброн Џејмс кој мечот го заврши со 21 поен, 14 скока и 11 асистенции.

За Лејкерс ова беше 29 победа во 36 настап во досегашниот дел од сезоната, додека Детроит го претрпе 24-от пораз во својот 37-ми настап.

Резултати на другите натпревари од НБА лигата играни ноќта недела кон понеделник:

Мајами – Портланд 122:111
Кливленд – Минесота 103:118
Феникс – Мемфис 114:121.

Лидер во Западната конференција е ЛА лејкерс со 29 победи и седум порази. На Исток Милвоки е прв со биланс 32-5. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close