Политички партии

Тримчевска од ВМРО-ДПМНЕ за стартот на учебната година

Остана уште еден месец до почетокот на новата учебна година. Министерството за образование и наука и Комисијата за заразни болести допрва ќе разгледуваат мерки и план за отворање на училиштата, како досега да имаа исклучителни ангажмани, па ова мора да го решаваат во последен момент. Всушност, премногу е доцна за да може да се изготват квалитетни планови и програми за реализација на наставата за идната учебна година.

Скопје, 30 јули 2020

Остана уште еден месец до почетокот на новата учебна година. Министерството за образование и наука и Комисијата за заразни болести допрва ќе разгледуваат мерки и план за отворање на училиштата, како досега да имаа исклучителни ангажмани, па ова мора да го решаваат во последен момент. Всушност, премногу е доцна за да може да се изготват квалитетни планови и програми за реализација на наставата за идната учебна година.

Деновиве на еден портал беше објавена информација за нови ,,генијални“ предлози на Комисијата за заразни болести, впрочем учениците една недела да одат на училиште физички, а една недела да следат настава онлајн.

Од тука произлегува дека во една недела ќе одат на училиште сите ученици.

Прашуваме како тогаш ќе ги спроведат мерките од 15 ученици во паралелка, растојание на 1,5 метри и зошто на 1 недела? Нели карантинот трае 2 недели и нели секаде во светот медицинскиот персонал се ротира на 2 недели, затоа што, тоа е периодот на појава на симптомите?

Во корист на учениците, родителите и знаењето во нашата држава, најконструктивно им препорачуваме:

1. Во период од една недела до 10 дена пред почетокот на новата учебна година направете масовен скрининг на наставниците и мапирање на семејства со заболен од КОВИД 19.

2. Бирото за развој на образование да изработи скратена, адаптирана програма. Ако е изработена информирајте ги наставниците. И воедно, обучете ги како да ја реализираат истата. Тие изготвуваат годишни планирања и програми, ќе треба ли подоцна да ги менуваат?

3. Воведете комбинирана настава со најмалку два модула за физичка и онлајн настава

4. Мапирајте ковид негативни и ковид позитивни населени места и градови

5. Физичка настава во ковид негативните населени места и градови може да се одвива регуларно, а во ковид позитивните на онлајн. По потреба при појава на ковид во еден град или едно населено место, и тие ученици да продолжат онлајн.

6. Часовите треба да се одвиваат на принцип една паралелка во една училница, без движење во кабинети.

7. Мапирајте ученици без информациска и комуникациска технологија за следење на онлајн настава, особено во местата каде короната е во раст. Наместо ваучери за летување можевте да им понудите ваучери за потребни ресурси за следење на наставата.

8. Набавете средства за хигиена, проверете ги санитарните јазли. Дали ќе набавите средства за хигиена, средства за дезинфекција, средства за заштита на учениците и вработените до први септември се’ уште е непознато.

9. И секако, активирајте ги своите градоначалници, тие имаат ингеренции.

На месец дена пред почеток на новата учебна година недостасуваат одговори, за времетраењето на часот, следењето на настава на учениците без технолошки средства, за спроведување на практичната настава во средните училишта, средните стручни училишта особено, и бројни други мерки и образложение на истите. Ако вие не знаете има кој знае.

Прес-конференција на Милка Тримчевска од ВМРО-ДПМНЕ

_____________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close