Дописници МКДОпштински вести

Триесет станови преку програмата за социјално домување на Роми ќе се градат во населба Иванидол во Кичево

Со програмата за социјално домување на Ромите во Кичево, Општина Кичево како коапликант, во соработка со„ Здружението Центар за граѓанска иницијатива“-Прилеп, како главен барател, има за цел да изгради 30 стана во населбата Иванидол во Кичево.

Кичево, 30 мај 2021 (МИА) – Со програмата за социјално домување на Ромите во Кичево, Општина Кичево како коапликант, во соработка со„ Здружението Центар за граѓанска иницијатива“-Прилеп, како главен барател, има за цел да изгради 30 стана во населбата Иванидол во Кичево.

Изградбата на овие станови ќе се реализира со финансиска поддршка од програмата на Европската унија ИПА-2 пред финансирање инструмент 2019 година ЕУ-Проект.

-Со вкупна инвестиција од 659,370.00 евра ќе бидат изградени 30 стана со програмата за социјално домување на Ромите во Кичево. Крајниот рок за доставување понуди е 20 јули 2021 година до 16 часот. Можни дополнителни информации или појаснувања ќе бидат објавени на веб страницата на Општина Кичево и на„ Здружението Центар за граѓанска иницијатива“- Прилеп, информираа од Општина Кичево.за/скс/

Back to top button
Close
Close