Дописници МКДПарламентарни избори 2020ПолитикаПолитички партии

Триесет лица со Ковид-19 и во изолација ќе гласаат на 13 јули во Штип

Триесет лица кои се заразени со коронавирусот, но и лица кои се во изолација се пријавиле да гласаат на 13 јули, информира денеска претседателката на Општинската изборна комисија Штип, Сенка Андреева.

Штип, 9 јули 2020 (МИА) – Триесет лица кои се заразени со коронавирусот, но и лица кои се во изолација се пријавиле да гласаат на 13 јули, информира денеска претседателката на Општинската изборна комисија Штип, Сенка Андреева.

Во моментов во Штип има над 160 активни случаи на Ковид-19 и 258 лица се во изолација. Поголем е бројот на пријавени за гласање на 14 јули. До ОИК пристигнале 214 барања за остварување на правото на глас од страна на болните и изнемоштени лица, кои гласаат во истиот ден со осудениците од штипскиот затвор.

Андреева истакна дека се интензивни подготовките за спроведување на предвремените парламентарни избори.

Пристигнат е недоверливиот материјал, како што се гласачки кутии, паравани и заштитна опрема, а доверливиот материјал го чекаат во недела. Во Штип од 77 избирачки места вкупно 14 ќе ја менат локацијата, поради незадоволување на здравствените протоколи.

Гласачите на овие избирачки места се веќе информирани преку медиумите и на таблата на ОИК-Штип.вдј/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close