Дописници СветЕвропаЕвропа.Портал

Триесет и тројца мигранти спасени во каналот Ла Манш

Триесет и тројца мигранти беа спасени денеска од импровизирани чамци во две одделни операции, во обид да го преминат каналот Ла Манш за да стигнат до Англија, јави дописникот на МИА од Париз.

Париз, 8 август 2020 (МИА) – Триесет и тројца мигранти беа спасени денеска од импровизирани чамци во две одделни операции, во обид да го преминат каналот Ла Манш за да стигнат до Англија, јави дописникот на МИА од Париз.

Ангажиран од регионалниот центар за оперативно набљудување и спасување, првиот патролен чамец околу 8 часот спасил 17 мигранти кои се нашле во тешкотии на два импровизирани чамци северо-источно од пристаништето Кале, соопшти поморската префектура на Ла Манш и Северното море.

Кратко време потоа, околу 9 часот, во друг чамец со 16 лица, биле спасени од друг патролен чамец во широчината на Сангат од поморската бригада на жандармеријата на Кале, се додава во соопштението.

Сите 33 мигранти се безбедни и здрави, нивната националност не е одредена, тие се згрижени во пристаништето во Кале од страна на граничната полиција. тг/

Таг
Back to top button
Close
Close