Дописници МКДМКДОпштински вести

Трибина за развој на социјалните услуги во општина Гевгелија

Општина Гевгелија во соработка со општинскиот Црвен крст од Струмица, денеска организираше трибина за развојот на социјалните услуги на која присуствуваа и претставници од општините Дојран и Валандово, локални институции, невладини организации и заинтересирани граѓани.

Гевгелија, 4 февруари 2021 (МИА) – Општина Гевгелија во соработка со општинскиот Црвен крст од Струмица, денеска организираше трибина за развојот на социјалните услуги на која присуствуваа и претставници од општините Дојран и Валандово, локални институции, невладини организации и заинтересирани граѓани.

Значењето за користење на социјалните услуги за помош од страна на лицата со попреченост, во поздравниот говор до собирот го посочи Тодор Ристов, претседател на Советот на општина Гевгелија, кој истакна дека вакви трибини за ранливите категории на граѓани се голема помош од причина што им укажуваат на начинот на користење на социјалните услуги.

На трибината беа презентирани програмите за помош,лична асистенција и нега во домот како и можностите за користење на средства за рзвој на овие услуги што ги нуди централната власт преку Министерството за труд и социјална политика.

Покрај ова беа претставени и Програмите за развој на социјални услуги и социјална заштита на населението, можностите за обучување и стекнување сертификат за негување на стари и изнемоштени лица, а гостите од струмичкиот Црвен крст ги презентираа активностите на проектот „Лична асистенција“. им/аа/

Таг
Back to top button
Close
Close