0_Македонија.ПорталПолитикаПолитички партии

Трибина „Перспективите на македонската евроинтеграција” во организација на ДОМ и Европските зелени

Во организација на ДОМ и Европските зелени денеска во Скопје ќе се одржи трибина на тема „Перспективите на македонската евроинтеграција" на која гостинка е генералната секретарка на Европските зелени Мар Гарсија.

Скопје, 6 февруари 2020 (МИА) – Во организација на ДОМ и Европските зелени денеска во Скопје ќе се одржи трибина на тема „Перспективите на македонската евроинтеграција” на која како панелист ќе учествува и генералната секретарка на Европските зелени Мар Гарсија.
Гарсија предводи Делегација на Европската зелена во посета на ДОМ, која од вчера е во земјава, а посетата се реализира со цел започнување на подготовките за претстојниот Совет на Европските Зелени што ќе се одржи од 12 до 14 јуни во Скопје, оваа година.
Во рамките на посетата, Мар Гарсиа, предвидено е утре да оствари средба со техничкиот премиер, Оливер Спасовски и досегашниот премиер и претседател на СДСМ, Зоран Заев.

На полседниот ден од посетата, на 8 февруари, генаралната секретарка на Европските Зелени ќе се обрати на свечената промоција на Програмата 2020-2024 на зелената партија ДОМ, во Скопје. вг/са/

Back to top button
Close
Close