БизнисБизнис.ПорталЕкономијаОпштество

Трибина „Дигитализација на јавните услуги“

Во Универзитетот на Југоисточна Европа ќе се одржи втората од серијата јавни трибини на тема „Дигитализација на јавните услуги“, во организација на Министерството за информатичко општество и администрација.

Скопје, 27 јануари 2020 (МИА) – На Универзитетот на Југоисточна Европа денеска ќе биде одржана втората од серијата јавни трибини на тема „Дигитализација на јавните услуги“, во организација на Министерството за информатичко општество и администрација.

На трибината ќе се зборува за дигитализацијата на земјата, како и за нејзината улога во професионализирањето на јавната администрација.

– Посебен фокус ќе се стави на Националниот портал за електронски услуги како електронска платформа достапна на https://uslugi.gov.mk, преку која на граѓаните им се овозможува да добијат информации за јавните услуги и да користат е-услуги од надлежни органи, значително олеснувајќи го административниот процес, информираат од МИОА.

Ќе се обратат министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и градоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи, а ќе говорат и проф. Азир Алиу од Факултетот за современи науки и технологии и Бобан Милосавлески од компанијата „Алтиус Солушнс“. фф/бак/

Back to top button
Close
Close