Дописници МКДОпштински вести

Три жени од Кавадарци се новите позитивни случаи на Ковид-19

Три жени од Кавадарци се новите позитивни случаи на Ковид-19 во Тиквешко, потврди за МИА Ристе Јовановски, специјалист и епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Кавадарци, 12 септември 2020 (МИА) – Три жени од Кавадарци се новите позитивни случаи на Ковид-19 во Тиквешко, потврди за МИА Ристе Јовановски, специјалист и епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Една од нив претходно имала во семејството позитивен на коронавирус, а другите две не знаеле од каде заболеле од Ковид-19.

Новозаболените се на возраст од 29, 49 и 58 години. Сите се на домашно лекување. Се утврдуваат контактите, со цел нивна изолација.

Од почеток на пандемијата до денеска, во Кавадарци заболеа вкупно 190 лица. Две лица починаа, од кои еден странски државјанин.свд/бт/

Back to top button
Close
Close