Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Три земји бараат од ЕУ економска помош за Белорусија

Претседателите на Литванија, Полска и Романија ќе побараат од лидерите на Европската унија да понудат пакет поддршка за Белорусија на самитот што ќе се одржи оваа недела, објави денеска литванскиот претседател Гитанас Науседа.

Вилнус, 21 септември 2020 (МИА)Претседателите на Литванија, Полска и Романија ќе побараат од лидерите на Европската унија да понудат пакет поддршка за Белорусија на самитот што ќе се одржи оваа недела, објави денеска литванскиот претседател Гитанас Науседа.

Според соопштението, пакетот ќе вклучува повластен трговски режим со ЕУ, безвизен режим и поддршка за преговори за влез во Светската трговска организација.

Во посебно соопштение на тројцата претседатели, предложениот пакет е наречен „поддршка за демократска Белорусија“.

Дел од договорот е поддршка за реформите и диверзификација на енергетскиот сектор, како и за транзиција кон либерална економија.

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки минатата недела изјави дека земјата сака ЕУ да и понуди на Белорусија финансиска помош од најмалку една милијарда евра како дел од „Маршаловиот план“. паг/

 

Таг
Back to top button
Close
Close