Дописници МКДОпштински вести

Три тепачки за едно деноноќие во Неготино и Демир Капија

Три тепачки биле пријавени за едно деноноќие  во Неготино и Демир Капија, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол во СВР Велес.

Неготино, 15 јануари 2020 (МИА)-Три тепачки биле пријавени за едно деноноќие  во Неготино и Демир Капија, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол во СВР Велес.
 -На улица „Јане Сандански“ во Неготино вчера околу 08.30 часот бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.М.(23) и Н.П.(23), од една страна, и М.З.(39), Д.В.(38), И.Н.(35), М.У.(61) и Л.Т.(27), од друга страна. Се работи на расчистување на случајот, појасни Додевски.
Во ОВР Неготино З.Ч.(49) од Дeмир Капија вчера во 15.00 часот пријавил дека околу 14.30 часот во угостителски објект во Неготино бил физички нападнат од Ѓ.Д.(50) од Неготино. Се работи на расчистување на случајот.
Б.М.(31) од Демир Капија ноќеска во 00.15 часот, во казино во Демир Капија, по претходна расправија, бил физички нападнат од Б.С.(35) од Демир Капија. Се работи на расчистување на случајот, соопшти Додевски. свд/ир

Таг
Back to top button
Close
Close