0_Web_Избор на уредникот0_Македонија.ПорталМакедонија.СлајдерОпштество

Три сомнителни случаи тестирани за коронавирус, за двајца резултатите негативни, за едниот се очекуваат

Три лица денеска се пријавиле на Инфективната болница со симптоми на грип, на кои им се извршени тестирања за коронавирусот. Кај двете лица резултатите се негативни, за едното лице резултатите се очекуваат за половина час.

Скопје, 26 февруари 2020 (МИА) -Три лица денеска се пријавиле на Инфективната болница со симптоми на грип, на кои им се извршени тестирања за коронавирусот. Кај двете лица резултатите се негативни, а за едното лице резултатите се очекуваат за половина час.

Ова го соопшти министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека станува збор за наши граѓани кои изминатиот период патувале во Италија, а сами се пријавиле на Инфективната клиника.

Додаде дека во попладневните часови се очекува да пристигне уште еден авион од Италија на Скопскиот аеродром. мс/рт/

 

Back to top button
Close
Close