Svet.SlajderСветСвет.Портал

Три ракети истрелани врз Зелената зона во Багдад

Три ракети од типот Качуша паднаа во Зелената зона во Багдад, соопштија неименувани извори од ирачката полиција

Багдад, 21 јануари 2020 (МИА) – Три ракети од типот Качуша паднаа во Зелената зона во Багдад, соопштија неименувани извори од ирачката полиција.

Ракетите се лансирани синоќа од багдадското предградие Зафаранија.

Во Зелената зона сместени се повеќе ирачки институции и странски амбасади. Две од трите истрелани ракети паднале во близина на Амбасадата на САД.

Се уште нема информации за евентуално настрадани или причинета материјална штета. ми/

 

Таг
Back to top button
Close
Close