Дописници МКДОпштински вести

Три новозаразени лица со коронавирус во Кичево

Според статистичките податоци од Министерството за здравство, во Кичево денеска има три нови случаи заразени со корона вирус, со што вкупната бројка на активни случаи во оваа општина достигна до бројката пет.

Кичево, 20 јуни 2020 (МИА) – Според статистичките податоци од Министерството за здравство, во Кичево денеска има три нови случаи заразени со корона вирус, со што вкупната бројка на активни случаи во оваа општина достигна до бројката пет.

Во Кичево досега беа заразени вкупно осум лица, но во меѓувреме тројца од нив се излечени. Од кризниот штаб во Кичево информираат дека се работи за три лица на возраст од 28, 44 и 64 годишни, од собраните информации два случаи од ново заразените имале контакти со двајца активни досегашни случаи во Кичево.

-Радува фактот дека нивната општа здраствена состојба е стабилна, велат од општина Кичево.рз/ир

Back to top button
Close
Close