Дописници МКДОпштински вести

Три нови случаи со Ковид-19 во Дебар

Во изминатото деноноќие во Дебар, вклучително и општина Центар Жупа, потврдени се три нови случаи со Ковид-19.

Дебар, 12 септември 2020 (МИА) – Во изминатото деноноќие во Дебар, вклучително и општина Центар Жупа, потврдени се три нови случаи со Ковид-19.

-Со трите последно потврдени случаи, бројката на новозаразени во овој месец се зголеми на 18, што во просек е по околу 1,5 случаи дневно. Овој месец исто така регистрирани се 58 оздравени и две починати лица, жители на Центар Жупа, потврдуваат од дебарската работна едница на Центарот за јавно здравје.

Додаваат дека вкупната бројка на заразени во општините Дебар и Центар Жупа изнесува 268 од почетокот на пандемијата, од направените над 1.350 тестови или 19 отсто од тестираните сомнителни случаи.

-Од вкупно заразените, во списокот на оздравени впишани се 219 а за жал починаа 14 лица, повеќето од нив се жители на општина Центар Жупа. Активни на болеста моментно се 35 заболени, поголемиот број со полесна форма и се лекуваат во домашни услови, како и амбулантски во Општата болница во Дебар, додаваат од работната единица на ЦЈЗ во Дебар.

Споредено со првите денови од септември, намален е бројот на оние на кои им е потребно болничко лекување, па така во здравствени установи во Скопје се хоспитализирани само неколку лица од двете општини.

Велат останува апелот до сите граѓани и правни субјекти да бидат внимателни и строго да ги почитуваат мерките и протоколите.

-Треба сите да знаеме дека битката со опасниот вирус се уште не семе ја добиле, а ќе ја добиеме само со целосно почитување на препораките, порачуваат од работната единица на ЦЈЗ во Дебар.вт/дма/

Back to top button
Close
Close