Дописници МКДОпштински вести

Три нови позитивни случаи на Ковид-19 во Делчево

Три нови позитивни случаи на Ковид-19 во Делчево. Како што соопштија од Здравствениот дом во Делчево, од вкупно 10-те тестирања кои поради контактите на веќе заразените беа направени за присуство на Ковид-19 во петокот, како позитивни на тестот биле тројца пациенти, еден тест е негативен, додека за шест тестови резултатите допрва ќе бидат соопштени.

Делчево, 17 август 2020 (МИА) – Три нови позитивни случаи на Ковид-19 во Делчево. Како што соопштија од Здравствениот дом во Делчево, од вкупно 10-те тестирања кои поради контактите на веќе заразените беа направени за присуство на Ковид-19 во петокот, како позитивни на тестот биле тројца пациенти, еден тест е негативен, додека за шест тестови резултатите допрва ќе бидат соопштени.

-Новите тројца пациенти, кај кои е утврдено присуство на Ковид-19 се асимптоматски случаи и се во добра здравствена кондиција. Едно лице од тестираните е негативно, додека за останатите шест тестови допрва ќе бидат соопштени резултатите. Денес дополнително се направени три тестирања за кои исто така очекуваме резултати, истакнаа од Здравствен дом „Гоце Делчев“ во Делчево.

Од таму упатија апел да се почитуваат мерките за заштита од Ковид-19.

Заклучно со денешниот ден, во Делчево има шест активни случаи на Ковид-19. вс/мд/

Back to top button
Close
Close