Kultura.SlajderДописници МКДКултураКултура.ПорталОпштински вести

Три награди за краткиот филм „Змија“ на режисерот Андреј Волкашин на фестивал во Грција

Краткометражниот филм „Змија“ на режисерот Андреј Волкашин освои три награди на фестивалoт за краткометражни филмови „Short Encounters“ во Грција. Наградите се во категориите за најдобра режија, најдобро сценарио и за најдобра споредна женска улога.

Делчево, 18 мај 2021 (МИА) – Краткометражниот филм „Змија“ на режисерот Андреј Волкашин освои три награди на фестивалoт за краткометражни филмови „Short Encounters“ во Грција. Наградите се во категориите за најдобра режија, најдобро сценарио и за најдобра споредна женска улога.
-Краткометражниот филм „Змија“ го работевме во продукција на „ВД Филм“ со продуцентот Елена Станишева, филм кој на фестивалот за краткометражни филмови во Грција беше награден за најдобро сценарио, режија и споредна женска улога – за улогата што ја толкува Габриела Петрушевска. Целиот тим е пресреќен, затоа што филмот го работевме со многу љубов, а ваквите признанија не мотивираат за уште посилна творечка работа, рече Волкашин.
„Змија“ претходно освои награда и на натпреварот за краток филм во Париз, а плановите на Волкашин се филмот, по ублажувањето на мерките за заштита од Ковид-19, да биде прикажан во киносалите во Македонија.
-Филмот има пропатувано околу 30 фестивали досега, кои поради короната во најголем дел беа виртуелни. Се надеваме да се среди ситуацијата за да можеме во Македонија да го прикажеме, бидејќи обработува тема која е многу интересна да се види тука, додаде Волкашин.
Режисерот по потекло од Делчево додаде дека на „Змија“ му претстојат уште неколку премиери, меѓу кои и фестивалот во Мумбај, Индија, кој поради короната е преместен во септември, како и учество на филмски фестивал во Торино, Италија. вс/хс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close