Svet.SlajderСветСвет.Портал

Три лица уапсени во Хонг Конг заради тестирање експлозиви

Полицијата во Хонг Конг соопшти дека денеска уапсила тројца мажи заради тестирање експлозиви од домашно производство, за кои постои сомнение дека се наменети за користење на протестите во градот .

Хонг Конг, 14 декември 2019 (МИА) – Полицијата во Хонг Конг соопшти дека денеска уапсила тројца мажи заради тестирање експлозиви од домашно производство, за кои постои сомнение дека се наменети за користење на протестите во градот .

Апсењата следеле по откривањето на неколку експлозивни направи, јавуваат американските медиуми.

На почетокот на неделата полицијата соопшти дека биле деактивирани две бомби од домашна изработка што можеле да бидат активирани со мобилни телефони.

Медиумите потсетуваат дека полицијата во текот на летото заплени околу два килограма експлозивна материја што се користи во нападите на милитантите ширум светот. сд/

Back to top button
Close
Close