Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Три лица се повредени во терористичкиот напад во Лондон

Три лица се повредени денеска во терористичкиот напад извршен во јужниот дел на Лондон, соопшти британската полиција.

Лондон, 2 февруари 2020 (МИА) – Три лица се повредени денеска во терористичкиот напад извршен во јужниот дел на Лондон, соопшти британската полиција.

Сите повредени се веднаш пренесени в болница.

– Им помогнавме на тројцата повредени на местото на инцинетот и потоа ги однесовме в болница, соопшти службата за итна медицинска помош.

Околу 14 часот попладнево по локално време непознат маж избоде неколку менувачи во областа Стритхем, а веднаш потоа е убиен од страна на полицијата. Граѓаните се предупредени да ја избегнуваат областа.

Полицијата смета дека „инцидентот е поврзан со тероризам“.

– Се испитуваат околностите, инцидентот се третира како терористички напад, соопшти полицијата на Твитер.

Би Би Си објави дека очевидци тврдат на социјалните мрежи оти слушнале три истрели. Некои велат дека напаѓачот носел мачета и некаков уред прикачен за облеката.

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан во врска со денешниот напад во британскиот главен град, изјави дека „нема да им се дозволи на терористите да не раздвојат и да го уништат нашиот начин на живот“, додавајќи дека е во постојан контакт со претставници на локалната власт. Тој изрази благодарност до полицијата за брзата реакција.

Неколку часа по инцидентот полицајци, медицински екипи и специјални служби се уште вршат увид на местото на нападот, кое е блокирано и забранет е пристапот за превозни средства и минувачи.

Во меѓувреме, непознат маж избоде двајца случајни менувачи во белгискиот град Гант. Полицијата отвори оган врз него, го повреди во раката и потоа го уапси. Еден од минувачите е повреден во стомакот, а другиот во рака, но не е познато во каква состојба се наоѓаат.

– Истрагата е во тек, ќе дадеме информација подоцна, изјави јавен обвинител. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close