Дописници МКДОпштински вестиХроникаХроника.Портал

Три лица повредени во сообраќајка кај Струмица

Едно лице е потешко повредено, а две полесно во сообраќајката што се случи во 07:40 часот на регионалниот пат Струмица- Ново Село,меѓу селата Дабиле и Босилово, инфомираа од ТППЕ Струмица.

Струмица, 15 февруари 2020 (МИА) – Едно лице е потешко повредено, а две полесно во сообраќајката што се случи во 07:40 часот на регионалниот пат Струмица- Ново Село,меѓу селата Дабиле и Босилово, инфомираа од ТППЕ Струмица.

Во сообраќајката учествувале три автомобили „тојота корола“, „шевролет спарк“ и „рено твинго“. Од силината на ударот еден автомобил се запалил, но пожарникарите успеале да го извлечат повредениот од него.

Во извлекувањето на повредените пожарникарите користеле и специјален хидрауличен алат.

На местото на несреќата увид изврши увидна екипа на струмичката полиција.рт/дма/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close