0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштествоХроникаХроника.Портал

Три лица починаа, шест се повредени по експлозија на плинска боца во кумановско Романовце

Три лица починаа, а шестмина се повредени по експлозија на плинска боца во семејна куќа во кумановско Романовце, соопшти СВР Куманово.

Куманово, 23 февруари 2020 (МИА) – Три лица починаа, а шестмина се повредени по експлозија на плинска боца во семејна куќа во кумановско Романовце, соопшти СВР Куманово.

Експлозијата настанала во 10 часот во куќата на Ш.А во село Романовце. Од експлозијата на плинската боца настанал пожар во кој три лица починале на лице место, а шест лица се пренесени во Општа болница Куманово каде им се констатирани тешки телесни повреди.

Поради сериозноста на повредите тие се префрлени во Ургентен центар Скопје. Известен е јавен обвинител и увидна екипа на СВР Куманово кои се на терен и ќе ги утврдуваат причините за несреќата.

Од противпожарната единица потврдија дека интеревенрирале на пожар во куќа во Романовце. Кај нив пожарот бил пријавен во 10:10 часот, по што пожарникарите го гаснеле пожарот до 11.10 часот. ам/мс/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close