0_Спорт.ПорталСпорт.СлајдерФудбал

Три клуба од Серија „А“ заинтересирани за Депај

Депај веќе го отфрли предлогот на Лион за нов договор. Сегашниот договор на фудбалерот со клубот истекува на крајот на јуни 2021 година.

Лион, 1 мај 2020 (МИА) – Напаѓачот на Лион, Мемфис Депај го предизвикал интересот на три клуба во Серија „А“, пренесува „Калчомеркато“.

Според изворот, 26-годишниот Холанѓанец го бараат Милан, Лацио и Рома.

Депај веќе го отфрли предлогот на Лион за нов договор. Сегашниот договор на фудбалерот со клубот истекува на крајот на јуни 2021 година.

Во сезоната 2019/20, Депај постигна 14 голови и даде 2 асистенции на 18 натпревари за Лион.

Таг
Back to top button
Close
Close