Kultura.SlajderКултураКултура.Портал

Три децении постоење на Театарот за деца и младинци

На денешен ден во 1990 година со претставата „Чудовиштата од нашиот град“ почна со работа Театарот за деца и младинци - единствениот специјализиран професионален театар посветен на детската театарска продукција.

Скопје, 25 март 2020 (МИА) – На денешен ден во 1990 година со претставата „Чудовиштата од нашиот град“ почна со работа Театарот за деца и младинци – единствениот специјализиран професионален театар посветен на детската театарска продукција.

– Три децении исполнети со многубројни детски насмевки, рекордни изведби на претстави, награди и меѓународни признанија, соопшти денеска Театарот за деца и младинци.

По повод 30-годишниот јубилеј, од Театарот информираат дека изработиле монографија во која е сумиран три деценискиот развој на овој театар.

Како што посочуваат, монографијата заедно со останатите активности по повод роденденот, ќе бидат поместени за друга прилика. бт/сп/

Таг
Back to top button
Close
Close