0_Спорт.ПорталФудбал

Три англиски клуба се подготвени да го купат Умтити

Умтити конечно го остави кошмарниот период со повредите зад него и се чини дека ја враќа својата стара форма. Играше на два натпревари за Барса, без да почувствува проблеми.

Барселона, 7 декември 2019 (МИА) – Три англиски клуба се многу заинтересирани за централниот дефанзивец на Барселона, Самуел Умтити и се подготвени да конкурираат за него, објави „Екип“.

Ова се Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Челзи.

Умтити конечно го остави кошмарниот период со повредите зад него и се чини дека ја враќа својата стара форма. Играше на два натпревари за Барса, без да почувствува проблеми.

Договорот на Самуел со Каталонците е до летото 2023 година, а тој неколкупати изјави дека има намера да го исполни.

Целта е да се врати во својата оптимална форма и да биде важен дел од успесите на тимот.

Таг
Back to top button
Close
Close