Дописници МКДОпштински вести

Трето прскање против комарци во Југоистокот

Третото прскање против комарци во десетте општини од Југоисточниот плански регион ќе се изврши утре и задутре, информираат од Центарот за развој на овој регион.

Струмица, 18 август 2020 (МИА) – Третото прскање против комарци во десетте општини од Југоисточниот плански регион ќе се изврши утре и задутре, информираат од Центарот за развој на овој регион.

Утре, во период од 19:00 до 02:00 часот ќе се прска во општините Конче, Радовиш, Струмица, Босилово, Василево и Ново Село, а задутре во општините Валандово, Богданци, Дојран и Гевгелија.

Од Центарот ги известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот период. рт/аа/

Back to top button
Close
Close