Дописници МКДОпштински вести

Третмани за дезинсекција против комарци утре и задутре во Куманово

Општина Куманово ги информира граѓаните дека утре и задутре ќе се извршат третмани на ларвицидна и терестична дезинсекција против комарци. Двата третмани имаат за цел уништување на ларвите и возрасни форми на комарци.

Куманово, 27 јули 2021 (МИА) – Општина Куманово ги информира граѓаните дека утре и задутре ќе се извршат третмани на ларвицидна и терестична дезинсекција против комарци. Двата третмани имаат за цел уништување на ларвите и возрасни форми на комарци.

– На 28 јули, среда, на територијата на општина Куманово ќе се изврши третман на ларвицидна дезинсекција, која има за цел уништување на ларвите на комарците. Се известуваат граѓаните дека на 29 јули, четврток, во 00:00 часот, на територијата на општина Куманово ќе се изврши третман на терестична дезинсекција против возрасна форма на комарци, информираа од општината.

Доколку временските услови се неповолни, тогаш третманите ќе се одложат за нареден ден, за што граѓаните дополнително ќе бидат известени.

По претходно објавен тендер, општина Куманово годинава, склучи договор со избраната фирма „Плант Медика“ за 1.180.000 денари која ги извршува услугите за запрашувања против инсекти, дезинсекција, дератизација, против крлежи, лебарки и комарци на подрачјето на Куманово.

Третманите се спроведуваат во неколку наврати годишно. Со посебен тендер се врши и авионска дезинсекција.ам/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close