0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталОпштествоПолитика

Третина од починатите од КОВИД дошле доцна во болниците

Огромен број на случаи со КОВИД - 19 дијагностициравме пост мортум, изјави министерот за здравство, Венко Филипче, во вечерашната емисија „Само Интервју", на телевизија Канал 5, каде појасни дека брисеви се земени од лица кои починале во болница на денот на прием, после неуспешната реанимација, за да се знае дали биле носители на тој вирус или не, се со цел да имаат податоци како да пристапат со семејстват. Ваквиот начин на делување, според министерот Филипче, го подигнал бројот на починати лица.

Скопје, 19 јуни 2020 (МИА) – Огромен број на случаи со КОВИД – 19 дијагностициравме пост мортум, изјави министерот за здравство, Венко Филипче, во вечерашната емисија „Само Интервју”, на телевизија Канал 5, каде појасни дека брисеви се земени од лица кои починале во болница на денот на прием, после неуспешната реанимација, за да се знае дали биле носители на тој вирус или не, се со цел да имаат податоци како да пристапат со семејстват. Ваквиот начин на делување, според министерот Филипче, го подигнал бројот на починати лица.

– Ниту една земја во светот тоа не го прави. Ние сметавме дека треба да бидеме чесни и да знаеме како да направиме добро за членовите на нивните членови, исто така за да ја знаеме вистинската епидемиолошка слика во нашата земја. За жал, има голем процен на лица кој доаѓат доцна во болница и смртен исход имат помеѓу првиот и петтиот ден. Доаѓаат со лоша клиничка слика, има и пациенти кои потпишале дека не сакат да се лекуваат во болница, па после доаѓат во крајните стадиуми на болеста и тука за жал не може повеќе да се постигне. Третина од починатите лица доаѓат доцна во болницата. Одговорно кажувам дека за секој пациент е апсолутно се направено, од анализи, до терапија и се друго, рече Филипче.

Од почетокот на епидемијата во нашата држава имало доволно тестирања. Потенцира дека секоја држава има различен пристап на тестирање и затоа бројката не може да се споредува. Министерот рече дека со интензивното тестирање кои се одвива деновиве целта е да се откријат асимптоматските случаи.

– На почетокот ги тестиравме позитивните симптоматични пациенти. Тие беа тестирани во болница или врз основа на алгоритмот кај матичните лекари. Стратегијата се надгради со скринингот. Во градинките почнавме скрининг. Сега за време на овој бран, ги тестираме оние контакти кои се од висок ризик и имале физички контакт со заболеното лице. Од почеток на пандемијата немавме недостаток на тестови. Лабораторијата во одделот вирологија при Институтот за јавно здравје беше целосно опремена уште на почетокот на епидемијата Таа е акредитирана по стандарди на Светската здравствена организација (СЗО). Во неа работат врвни експерти. Нашата експертиза, во смисла на консултација, ја користат и околните држави, истакна Филипче.

Нагласи дека нашите експерти се признати од СЗО и нивните колеги од околните земји ги упатуваат  да се консултираат од нашите виролози.

На забелешката дека Србија има 37.000 тестирања на милион жители, а Македонија 27.000, министерот рече дека треба да се знае и по која индикација се тестирањата.

– Не може да споредуваме ако знаеме дека една земја тестира лица само ако имаат симптоми, а друга која до бројката стигнува ако ги тестира и контактите. Не е само бројката, суштинска е индикацијата поради која се тестира. Не сакам да коментирам ничија стратегија. Секоја држава си има свој пристап. Има најави дека Србија ќе ја смени стратегијата. Овој пристап кој ние го имаме е поддржан од СЗО. Ги идентификува дури најмалку сомнителните случаи и е многу коректен. Оваа политика не оди во корист на Министерството за здравство, во смисла како се презентира, и можеби некој толкува дека не е соодветна и покажува неуспех. Но, апсолутни оди во корист на јавното здравје, оти вакво интензивно тестирање ги заштитува сите луѓе кои можеби биле или ќе бидат во контакт со асимптоматски случаи, а кои ние сега ги откриваме, изјави министерот Филипче.оџ/лв/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close