Дописници МКДОпштински вести

Трета недела без пазарен ден во Тетово

Трета недела по ред, утре нема да има пазарен ден, како што имаше секој четврток. Повторно оваа одлука ја донесе кризниот штаб при општина Тетово за да се намали ризикот од ширење на коронавирусот.

Тетово, 1 април 2020 (МИА) – Трета недела по ред, утре во Тетово нема да има пазарен ден, како што имаше секој четврток. Повторно оваа одлука ја донесе кризниот штаб при општина Тетово за да се намали ризикот од ширење на коронавирусот.

-Сите пазари отворени и затворени тој ден нема да работат. Имајќи во предвид фактот дека на тој начин ќе го намалиме доаѓањето на луѓе кои се собираат на тие места, велат од кризниот штаб.

Зелениот пазар во Тетово е полузатворен објект. Освен во внатрешноста на тезги на пазарниот ден во четвртоците и околу објектот се зголемува бројот на луѓе кои продаваат земјоделски и сточарски производи.

Голема фреквренција има и кај т.н. женски пазар лоциран пред почетокот на патот кон Попова Шапка. Исто така и таму покрај во оградениот пазар во четвртоците голем број продавачи на околните тротоари и улици поставуваат импровизирани тезги и нудат разни производи.ас/ир

Таг
Back to top button
Close
Close