0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Трета година по ред Азар прогласен за најдобар белгиски фудбалер кој игра во странство

Еден Азар е прогласен за најдобар белгиски фудбалер кој игра во странство за 2019 година. Тој не можеше да присуствува на церемонијата на доделување на наградите поради повреда.

Брисел, 16 јануари 2020 (МИА) – Еден Азар е прогласен за најдобар белгиски фудбалер кој игра во странство за 2019 година. Тој не можеше да присуствува на церемонијата на доделување на наградите поради повреда.

Играчот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин де Брујн и напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку, беа конкуренти на Азар за наградата.

– Другите двајца исто така ја заслужуваат оваа награда. Во Челси добро ја завршив сезоната, во Реал Мадрид беше малку покомплицирано. Како што сите знаат, за време на отсуството добив неколку килограми поради повредата. Се чувствувам добро во Реал Мадрид, ова е најдобриот клуб во светот. Сонот ми се оствари. Ми се допаѓаат стадионот и навивачите, изјави Азар.

Ова е трета последователна ваква награда за членот на Реал Мадрид. Тој беше прогласен за најдобар фудбалер од Белгија кој игра во странство и за 2018 и 2017 година. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close