0_Спорт.ПорталSport.SlajderРакометРезултати

Трет пораз за македонските ракометари на СП во Египет

Македонската ракометна репрезентација попладнево го забележа третиот пораз на Мундијалот во Египет и прв во Главната фаза. Подобри од избраниците на селекторот Данило Брестовац беа словенечките ракометари кои и пред средбата важеа за големи фаворити.

Каиро, 20 јануари 2021 (МИА) – Македонската ракометна репрезентација попладнево го забележа третиот пораз на Мундијалот во Египет и прв во Главната фаза. Подобри од избраниците на селекторот Данило Брестовац беа словенечките ракометари кои и пред средбата важеа за големи фаворити.

Отпорот на македонските репрезентативци траеше дваесетина минути во првото полувреме во кое на два-три наврати имаа и два гола предност. Во финишот на првиот дел Словенија направи серија од 4:0 и на полувреме замина со водство 13:9.

Предноста на Словенците растеше од почетокот на второто полувреме, за во последната 60. минута да изнесува највисоки 10 голови.

Најефикасен кај победникот беше Драган Гајиќ со седум гола, во поразениот тим се истакна Кирил Лазаров со пет гола.

До крајот на денот ќе се одиграат и другите два натпревара од првото коло во групата 4:

Русија – Египет (почеток 18 часот)
Шведска – Белорусија (почеток 20:30 часот). зс/

Back to top button
Close
Close