0_Спорт.ПорталФудбал

Трет натпревар во низа без победа за Борусија Дортмунд

Бундеслигашот Борусија Дортмунд веќе трет натпревар по ред не успева да забележи победа. Не само што денес на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт, Борусија не освои, туку треба и да е среќна со бод, бидејќи се спаси од пораз со голот на Американецот Џовани Рејн во второто полувреме за конечни 1:1.

Франкфурт, 5 декември 2020 (МИА) – Бундеслигашот Борусија Дортмунд веќе трет натпревар по ред не успева да забележи победа. Не само што денес на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт, Борусија не освои, туку треба и да е среќна со бод, бидејќи се спаси од пораз со голот на Американецот Џовани Рејна во второто полувреме за конечни 1:1.

Претходно „милионерите“ ремизира со Лацио (1:1) во Лигата на шампионите и загубија од Келн (1:2) во Бундеслигата.

Во моментов Борусија Дортмунд е на 3.место во Германското фудбалско првенство со 19 бода од 10 натпревари. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close